Ако би биле штрк, каде би го направиле своето гнездо? Зошто?, Возите велосипед, одеднаш полетувате и веќе летате. Каде ќе одите? Што гледате? Како ќе се симнете и вратите назад?, Ако отворите продавница, што би продале?, Кое животно би бил ако живееш во шума? Зошто?, Што би се случило доколку се исечат сите дрвја во светот?, Што би се случило ако небото е црно?, Кога би биле претседател на држава, што ќе направите за училиштата?, Што би се случило ако кучињата владеат со светот?, Ако пронајдете планета во вселената, какво име би дале?, Со што би ја чешлале косата да не постоеше чешелот?, Едно утро се будите и забележувате дека имате тело на старец/ца. Што би направиле?, Ако имате три желби, што би посакале?, Што би сакале да тече од чешмите, наместо вода?, Што би направиле ако би биле невидливи?, Ако вашите чевлите можат да зборуваат, што вие би им кажале?, Како би разговарале двајца луѓе, ако не разговараат на ист јазик?, Кога би биле наставник, на кој начин ќе го сопрете насилството во вашата училница?, Си игравте на плажа во песокот. Во еден момент, забележавте нешто тврдо, ковчеже, го отворивте, има богатство. Што ќе направите со тоа богатство?, Пронајдовте пердув додека одевте по патот. Што мислите, од каде потекнува тој пердув и низ какви авантури поминал?, Се возите во автомобил со татко ти за да стигнете во училиште што побрзо, бидејќи доцните, но мостот по кој треба да поминете е поплавен. Како ќе поминете за да стигнете?, Сте се качиле на врвот на една планина. Кажете што ќе видите, Кое животно би сакале да го имате дома? Зошто тоа животно би го чувале дома? Кое име би му го дале?, Ако бевте бездомник, како ќе ви поминеше денот? Што би правел до вечер?, Од кој вид на зеленчук, би биле изненадени кога ќе го видите?, Што ако сите дрвјата беа сини?, Како би се гаснеле пожарите ако не би постоеле пожарникари?, Ако бевте светилка, кое место би го осветлувале?, Што би измислиле кога би биле научник? Зошто тоа би го измислиле?, Што би направиле ако имате четири раце?.

Проект - Откривање на креативноста кај децата чекор по чекор

Theme

Options

Leaderboard

Random wheel is an open-ended template. It does not generate scores for a leaderboard.

Switch template

Interactives

Restore auto-saved: ?