1) Која е основната содржина на античката епика? a) Мислите на поетот b) Тројанската војна c) Чувствата на поетот d) Митската приказна 2) Кое е основното обележје на античката епика? a) Повикувањето на музата b) Јуначкиот подвиг на епскиот лик c) Раскажувањето на митската приказна d) Гневот на боговите 3) Во епската песна од антиката честа тема која се среќава е... a) спокојниот живот на луѓето. b) гозбата на боговите. c) херојскиот подвиг. d) љубовта помеѓу две единки. 4) Епските песни во антиката се пееле во придружба на... a) воени заповедници. b) друг поет. c) танчерки. d) музички инструмент. 5) Како опстанале еповите низ времето? a) Преку препишувачка традиција. b) Преку усна книжевна традиција. 6) Кои се прочуените стари хеленски епски поети? a) Вергилиј и Овидиј b) Плаут и Терентиј c) Еврипид и Ајсхил d) Хомер и Хесиод 7) Кои се прочуените римски епски поети? a) Вергилиј и Овидиј b) Плаут и Терентиј c) Еврипид и Ајсхил d) Хомер и Хесиод 8) Како е насловен херојскиот еп на поетот Хомер? a) Ајнеида b) Метаморфози c) Одисеја d) Илијада 9) Епот „Одисеја“ на поетот Хомер ги опејува... a) битките пред градот Троја. b) патувањата на аргонаутите кон Колхида. c) опасните доживувања на јунакот Одисеј. d) раѓањето и востоличувањето на боговите. 10) Кои епови му се препишуваат на хеленскиот поет Хесиод? a) „Ајнеида“ и „Преобразби“ b) „Илијада“ и „Одисеја“ c) „Жаби“ и „Грне“ d) „Теогонија“ и „Дела и дни“ 11) Кој еп го напишал младиот римски поет Вергилиј? a) „Тебаида“ b) „Горделивиот војник“ c) „Облаци“ d) „Ајнеида“ 12) Како се нарекува музата на епската поезија? a) Евтерпа b) Терпсихора c) Уранија d) Калиопа 13) „Гневот воспеј го божице, на Ахила синот Пелејев“ е прочуен стих од епската песна... a) „Одисеја“. b) „Теогонија“. c) „Ајнеида“. d) „Илијада“.

Leaderboard

Visual style

Options

Switch template

Continue editing: ?